ЕВРОСУРОВИНА ПА ДООЕЛ е компанија формирана во 2011 година, со првична дејност управување со отпад, откуп на секундарни суровини, обоени и необоени метали, преработка на жици и кабли.
Нашето претпријатие располага со најнова технологија за обработка на суровините и како резултат на тоа нуди високо квалитетен бакарен гранулат.
Освен за своите потреби, нуди и услуги за преработка на суровините за надворешни потрошувачи.
Покрај првичната дејност, во изминатите години се проширува и со сопствено производство и конечно во 2015 година на пазарот го пласира својот прв производ - подни гумени плочки кој е единствен производ од ваков тип произведен во Македонија. За овој производ, добитник е на високи признанија и награди.
Дел од производите на ЕВРОСУРОВИНА ПА ДООЕЛ Битола, можете да ги погледнете во нашиот каталог во кој детално се наведени нивните карактеристики и особини. За подобар преглед симнете го каталогот на производи во PDF верзија.